Тренинг со тежини
Работи на мускулната сила и издржливост со тренинг прилагоден на твоето искуство и фитнес цели.
Trust the ProcessBY IRINA IRLA
Не мораш да бидеш подготвенa за да почнеш. Доволно е да направиш прв чекор. Ние сме тука да те водиме, мотивираме и да ти помогнеме да ја откриеш најсилната верзија од себе.
Без разлика дали сакаш да ја зголемиш силата, кондицијата или едноставно да се чувствуваш подобро — ќе го најдеме тренингот што ти одговара.
Работи на мускулната сила и издржливост со тренинг прилагоден на твоето искуство и фитнес цели.
Подобри ја кондицијата и издржливоста со внимателно одбрани вежби и темпо што ти одговара.
Зајакни го целото тело и подобри ја стабилноста со движења што ти помагаат и во секојдневието.








Тренинзи посветени на секоја индивидуа, прилагодени според твоите потреби, можности и фитнес цели. Секој тренинг е внимателно испланиран и прилагоден на тебе, со надзор од тренер, следење на правилната техника и план за постигнување на посакуваните резултати.
Прашај за тренинг ↗Тренинг и план прилагодени на твоите потреби, можности и фитнес цели.
Тренираш во мала група со надзор од тренер и лично следење на техниката и напредокот.
Групни часови со заедничка енергија и мотивација од тимот.
Искусни тренери, личен пристап и мотивација на секој чекор од патот.
Ирла · Сопственик и главен тренерСо долгогодишно искуство во фитнесот, Ирина ќе те насочи и мотивира да ја постигнеш твојата цел.

Со енергија и посветеност те води низ функционални и тежински тренинзи, за сила, издржливост и подобра кондиција.

Power Pilates и функционални тренинзи со повеќе од 15 години искуство, енергија и внимание на секое движење.

Во Trust the Process веруваме дека секој заслужува поддршка за да стане посилна и поздравa верзија од себе. Почнуваме од таму каде што си — без притисок и без споредби.
Тимот ќе ти помогне да изградиш навики, самодоверба и сила со тренинг што има смисла за тебе.
Јави ни се и договори го твојот прв тренинг.